Рибопроизводителите бараат повисоки субвенции за 2012 година

Bez autora
Sep 27 2011

Групацијата за рибарство при Стопанската комора на Македонија бара зголемување на субвенциите во програмата за финансиска поддршка и развој на земјоделството за 2012 година. Од Групацијата истакнуваат дека досегашната финансиска поддршка придонела за зголемено производство и намалување на увозот на риба, а субвенциите за 2012 година, според нив, би требало да се зголемат за пет до шест милиони денари. Субвенционирањето доведе да го зголемиме рибопроизводството што доведе до намалување на увозот. Во 2005 година, кога почна субвенционирањето, беа произведени 868 тони риба, а во 2010 година рибопроизводството е зголемено на 1.664 тони риба - истакна претседателот на Групацијата, Сашо Дранго, додавајќи дека за разлика од пред три години кога имало едвај десетина регистрирани рибници, сега тој број е зголемен на околу 100 рибници.

Рибопроизводителите бараат повисоки субвенции за 2012 годинаГрупацијата за рибарство при Стопанската комора на Македонија бара зголемување на субвенциите во програмата за финансиска поддршка и развој на земјоделството за 2012 година.

Од Групацијата истакнуваат дека досегашната финансиска поддршка придонела за зголемено производство и намалување на увозот на риба, а субвенциите за 2012 година, според нив, би требало да се зголемат за пет до шест милиони денари.

- Субвенционирањето доведе да го зголемиме рибопроизводството што доведе до намалување на увозот. Во 2005 година, кога почна субвенционирањето, беа произведени 868 тони риба, а во 2010 година рибопроизводството е зголемено на 1.664 тони риба - истакна претседателот на Групацијата, Сашо Дранго, додавајќи дека за разлика од пред три години кога имало едвај десетина регистрирани рибници, сега тој број е зголемен на околу 100 рибници.

Рибопроизводителите иницираат и донесување на посебен закон за аквакултура, бидејќи таа сега е третирана со Законот за рибарство.

Барањата, како што информира Дранго, ги доставиле до надлежното Министерство за земјоделство, но досега немаат повратен одговор.

Субвенциите за рибопроизводство во 2005 година изнесуваа 4,65 милиони денари, во 2010 година беа 64,3 милиони денари, а за годинава се планирани 64,5 милиони денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik